Руската марка „Yo-Mobile“ го претстави своето прво сериско возило моделот „Yo-Crossover“. Хибридниот кросовер работи на природен гас и е наменет за рускиот пазар.
„Yo-Crossover“ нуди елегантен дизајн и некои интересни решенија, како LED диоди на предниот браник и лента фарови.
Првите фотографии од ентериерот откриваат високотехнолошка внатрешност со два големи LCD екрани во централната конзола, вграден патен компјутер, систем за информации и забава, како и мултифункционален волан.