Медимуите во Шпанија и Италија тврдат дека Реал Мадрид ќе започне преговори за ѕвездата на Фиорентина, Стеван Јоветиќ. Досега за црногорскиот репрезентативец интерес имаше од страна на Јувентус и Арсенал.
Со назначувањето на Карло Анчелоти за тренер, сепак и Реал исто така ги насочи своите погледи кон Јоветиќ.
Денеска делегација на „кралскиот клуб“ се сретнала со агентот на 23-годишниот Црногорец и ги започнале првичните разговори.
Според информациите од клубот, Јоветиќ сигурно ќе излезе многу поефтино за Реал отколку Единсон Кавани, кој од друга страна е првата трансфер желба на Реал за летниот преоден рок.