Ретко кој на основа на овие фотографии на маскираниот прототип би можел да заклучи дека под камуфлажата се крие нов „BMW“ модел.
„BMW“ уште на авто-сеамот во Париз во 2012-та година најави еден од правците во кои ќе се насочат во иднина кога станува збор за концепцијата на своите автомобили.
Претставувањето на концептот „Active Tourer“ ги изненади многу љубителите на баварските премиум модели. Автомобилот со „MPV“ карактеристики и преден погон со сигурност не е првото што ќе го помислите кога ќе го слушнете зборот „BMW“.
Во меѓувреме е продолжена работата над серискиот модел под ознаката „BMW Seriа 1 GT“ кој е базиран на концептот од Париз, а покрај верзијата со пет седишта изгледа во подготовка е и „MPV“ модел во кој ќе има и трет ред седишта и место за седум патници.
Возилото кое е фотографирано за време на тестирањата во Нирбургринг е подолго од „BMW Active Tourer“, a се очекува „BMW“ покрај верзијата со преден погон да понуди и модел кој снагата ќе ја пренесува на сите четири тркала.
Под хаубата ќе се најде 1.5 литарски бензински „TwinPower turbo“ мотор. Германскиот производител најави дека овој мотор ќе биде достапен во неколку верзии од 90 kW/122 ks, па се до 165 kW/224 ks.
Покрај бензинските на располагање ќе бидат и дизел единици со снага од 60 kW/82 ks дo 135 kW/184 ks.