25 јануари, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕСакате подобра концентрација и меморија, тогаш користете ги овие зачини

Сакате подобра концентрација и меморија, тогаш користете ги овие зачини

Доколку сакате да работите на вашето когнитивно здравје, треба да вклучите во вашата исхрана различни намирници кои позитивно ќе влијаат на вашето здравје.

Постојат неколку зачини кои можат многу да ни ја подобрат меморијата и концентрацијата, вели д-р Брендон Крафорд, невролог специјализиран за здравје и лекување на мозокот.

Цимет

Циметот е моќен извор на антиоксиданси клучни за заштита на нервните структури од оксидативен стрес.

„Циметот може да го регулира и нивото на шеќер во крвта, што е критично за одржување на когнитивната функција и спречување на невродегенеративни болести“, вели д-р Крафорд.

Ѓумбир

„Познат по своите моќни антиинфламаторни својства, ѓумбирот може да ја подобри когнитивната функција со намалување на воспалението и оксидативниот стрес“, додаде докторот.

Исто така, ѓумбирот помага во балансирање на невротрансмитерите и ја подобрува концентрацијата.

Куркума

Куркумата е позната по своите антивоспалителни и антиоксидантни својства. Д-р Крафорд зборува за моќта на куркумата, истакнувајќи го активното соединение, куркумин. Тоа може да помогне да се намали воспалението и оксидативното оштетување во мозокот – фактори често поврзани со состојби како Алцхајмеровата болест.

„Куркуминот исто така го зголемува нивото на мозочниот хормон „BDNF“, кој го зголемува растот на нови неврони и се бори со различни дегенеративни процеси во мозокот“, тврди д-р Крафорд.

Морско оревче

Морското оревче може да ја подобри меморијата и да спречи дегенерација на нервните патишта.

„Морско оревче има и ефекти за подобрување на расположението, што може да придонесе за поконцентрирана и позитивна ментална состојба“, додаде докторот.

Црн пипер

Црниот пипер е добар за користење за здравјето на мозокот во комбинација со куркума.

„Пиперинот, активното соединение во црниот пипер, може да ја зголеми апсорпцијата на куркумин до 2.000 проценти. Оваа комбинација не само што ги подобрува придобивките од мозокот на куркуминот, туку помага и за подобрување на варењето и апсорпцијата на хранливите материи, поддржувајќи го когнитивното здравје“, заклучи д-р Крафорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП