Претседателот на САД Доналд Трамп ќе пријави дека на име на кампања за реизбор на претседателските избори во 2020 година, во првиот квартал оваа година собрал повеќе од 30 милиони долари, што е повеќе од неговите два главни демократски ривали собрани средства заедно.
Американската агенција наведува декa фондот на Трамп за престојната кампања се зголемил на 40,8 милиони долари што досега не успеало на ниту еден претседател кој за време на првиот мандат се спремал за реизбор.
Извори од тимот на Трамп за кампањата наведуваат дека 99% од донациите изнесувале до 200 долари или помалку, а просекот е 34,26 долари.
Покрај тоа, Републиканскиот национален комитет (RNC) во првиот квартал на оваа година собрал 45,8 милиони долари што е најголема сума досега забележана во година во која не се одржуваат избори.
Трамп официјално објави дека ќе се кандидира повторно за Белата куќа неколку часа откако дојде на власт во 2017 година, што беше најрано во однос со било кој од неговите претходници.