Американската компанија „Oracle“ во четвртото тромесечие забелжа раст на профитот од десет проценти на годишно ниво, кој беше овозможен воглавном од намалувањето на трошоците.
Меѓутоа прометот стагнираше што е големо разочарување за компанијата.
Третиот најголем проиводител на софтвер во светот наведе дека до 31-ви мај 2013-та година оствариле добивка од 3.81 милијарди долари.
Прометот достигнал до 10.95 милијарди долари, што е на исто ниво како и во последниот квартал од минатата година. Резултатот ги разочара и аналитичарите кои очекуваа прометот да биде околу 11.12 милијарди долари.
Без пресметаните вонредни ставки, нето-добивката изнесувала 4.11 милијарди долари.