Владата на Панама му додели на кинески конзорциум договор вреден 1,4 милијарда долари за изградба на мост над Панамскиот Канал, ден по посетата на кинескиот претседател Cи Џјинпинг.
Овој проект е дел од напорите на Кина да го прошири своето политичко и економско влијание во Латинска Америка.
Конзорциумот „Панама куарто пуенте“, кој се состои од две кинески компании, ќе дизајнира и изгради мост над Панамскиот Канал.
Ова ќе биде еден од најголемите градежни проекти во историјата на Панама, објави АФП.