Поради зголемениот број на пријави од страна на граѓаните за енормно загадување од страна на Ценементарница Усје, каде секојдневно 24/7 може да се забележи како оџаците на фабриката чадат , Инспекторат на Град Скопје одлучи да изврши инспекциски надзор за да се утврди состојбата.
Државниот инспекторат во најкраток временски рок треба да изврши контрола и неопходни мерења во акредитирана лабораторија и да ги достави резултатите.