28 јуни, 2024
ПочетнаСВЕТБајден нареди привремено затворање на границата меѓу САД и Мексико кога ќе...

Бајден нареди привремено затворање на границата меѓу САД и Мексико кога ќе се зголеми бројот на илегални имигранти

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави дека привремено ќе ја затвори границата меѓу САД и Мексико секогаш кога бројот на илегални пристигнувања на мигранти ќе скокне над дадениот праг, што е како замав во десно во обид да придобие дел од електоратот во средината на кампања за втор мандат во Белата куќа.

Демократскиот претседател ќе го потпише долгонајавуваниот указ, според кој илегалните мигранти ќе бидат спречени да добијат азил кога нивниот број ќе надмине 2.500 дневно. Наредбата, исто така, го олеснува депортирањето назад во Мексико, според Белата куќа.

Американските власти рекоа дека новите ограничувања треба веднаш да стапат на сила бидејќи бројот на лица без документи кои ја преминуваат границата е веќе над дадениот праг.

„Очекуваме мерката да стапи на сила веднаш“ штом ќе биде потпишана наредбата, рече еден американски функционер кој не сакаше да биде именуван.

На барателите на азил ќе им биде дозволено повторно да влезат кога нивниот број ќе падне под 1.500 дневно, велат истите извори.

Директивата беше издадена во време кога бројот на мигранти на јужната граница бележи постојан пад од декември, но високи функционери сепак ја оправдаа наредбата велејќи дека бројките се уште се превисоки и дека бројките може да скокнат при подобро време, кога бројките вообичаено растат.

„За Џо Бајден безбедноста на американските семејства секогаш треба да биде на прво место. Затоа претседателот денеска објави историски нови мерки дизајнирани да ги спречат мигрантите кои илегално ја минуваат нашата јужна граница да добијат азил во САД, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.

Бајден сам ќе и се обрати на јавноста подоцна денеска.

Оваа имиграциска политика, една од најрестриктивните досега усвоена од демократски претседател, го приближува Бајден до ставовите на неговиот републикански претходник Доналд Трамп, кој ќе биде негов ривал на претстојните претседателски избори во ноември. Сите анкети покажуваат дека прашањето за имиграцијата тежи врз шансите на Бајден за реизбор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП