Кинеското Министерство за надворешни работи побара од САД да ги повлечат санкциите воведени кон кинеската војска поради набавка на руски воени авиони и ракети земја-воздух.
Оваа порака на Американците им ја упати портпаролот на кинеското Министерство, Генг Шуанг, пренесе „Ројтерс“.
Кина неодамна купи од Русија десет авиони Сухој Су-35 и ракети С-400.
На цел на санкциите се најдоа кинеското одделение за развој на опрема и неговиот директор Ли Шангфу, поради значајни трансакции со рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“, пренесе Би-би-си.
Американската администрација стави на црната листа уште 33 кинески државјани и субјекти, кои соработуваат со руската војска и разузнавачките служби.