Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „Макпетрол“ ги остварија на Светската младинска карате-лига. На турнирот што од 27 до 30 јуни се одржа во хрватскиот град Пореч, Стефан Стојановиќ заврши на втората позиција (+84 кг.). Седми во своите категории беа Данило Божовиќ и Витомир Трајковски.
– За оваа Светска лига се подготвувавме сериозно, имавме вкупно пет спортисти во групата на постари јуниори (У21). Сите наши претставници имаа добри настапи. Освоивме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на седмо место со Данило Божовиќ и со Витомир Трајковски. Бевме близу до освојување и на втор медал. Трајковски (-84 кг.) не настапи во репасажот во борбите за бронза бидејќи уште во првата борба се повреди (фрактура на раката). Потоа оствари две победи со скршена рака, но повеќе не можеше и затоа без борба ја предаде репасажната борба која можеше да го донесе бронзениот медал – изјави Петар Заборски, тренер на „Макпетрол“.

