На деветте катови од оваа зграда се сместени 160 автомобили од историјата на „Mercedes“, oд самиот почеток во 1886-та, па до модерните времиња.
Во Германија постојат неколку големи автомобилски компании со многу богата историја, а сите тие имаат и свои музеи. Покрај „BMW“ и „Porsche“, музејот на „Mercedes-Benz“ во Штутгарт веројатно привлекува најголемо внимание кај љубителите на автомобили.
Се простира на девет нивоа и содржи 160 експонати од различни периоди на овој германски производител, вклучувајќи и тркачки автомобили и „F1“ болиди од богатата натпреварувачка историја на „Mercedes“.
Во музејот исто така се наоѓа архива на оргинални технички цртежи и останати документи за моделите на оваа позната марка. Тука се и книгите за нарачки на возила кои датираат дури од 1886-та година, односно од самиот почеток на компанијата.
За оние кои не се во можност во живо да го посетат овој музеј, на страната постои виртуелна тура, а дел од атмосферата од музејот можете да ја почувствувате во следното видео: