Прекрасното виногорје „Lafaurie-Peyraguey“ е подготвен да ве угости во новиот „Lalique“ хотел и ресторан.
Најновиот хотел ќе биде уреден со луксузен ентериер, дело на Тина Грин и Пјетра Мингарелија, ресторанот кој е дел од оваа приказна ќе биде поразличен и ни малку сличен на останатите.
Целосниот објект е во склад со околината преполна со лозје, и нуди 10 соби и три апартмани.
Целта на овој проект е спојување на туризмот со виното во овој шармантен регион.
Шилинг, некогашниот главен шеф во вилата „Rene Lalique“ го превзема водството над ресторанот, додека пак Андриен Касио и Роман Итис креираат неверојатна листа со вина кои со својот вкус ќе ги воодушеват сите посетители.