Спектакуларното крајбрежје во Порторико во себе крие еден „дијамант“ наречен „Дорадо Бич“.
Станува збор за отворена енклава, која е сместена на подрачјето на некогашниот приватен имот на Лауренц Рокфелер. Ова волшебно место своите врати ќе ви ги отвори во месец октомври, и ќе ви понуди луксузен одмор, поинаков од сите останати.
Со својот освежен дизајн, кој вклучува рачно изработени елементи и топла палета на бои во секоја од 114-те соби и апартмани на плажа, ова место е совршено за беспрекорен одмор и уживање. Во надворешноста има повеќе од 300.000 растенија кои се внимателно одбрани и засадени и отсликуваат совршен рај како и акцентитрана смирувачка атмосфера.
„Ѕвезда“ на ова одморалиште е „Су Каса“ вилата која располага со 5 спални соби кои се со модерен и елегантен изглед. Вилата нуди приватост како и остварување на сонот на секој кој мечтае за совршен одмор далеку од бучавата и гужвата.
Ресторанот покрај базенот е иделен за луѓе кои доаѓаат на одмор со своето смејство, а персоналот ќе биде максимално подготвен да ви ги исполни сите ваши желби.
После добриот оброк на плажа, спа центарот е дополнително уживање кое ќе ве одржи во форма.
Исто така, во овој дел се наоѓаат и двата нови бутици со внимателно избрани колекции на додатоци, подароци и секојдневена облека, кои ќе го разубават денот на секоја дама.