На Германија никако не и оди во прилог да ослабне авто-индустријата и да не може да инвестира во идните технологии. Тоа го изјави канцеларката Меркел.
„Наша должност е да и кажеме на индустријата „Твоја обврска е да ја вратиш изгубената доверба““, рече Меркел во парламентот во Германија за време на дебата за буџетот, пренесе агенцијата „Reuters“.
Меѓутоа, таа се спротивстави на повиците за натамошно зголемување на финансиското оптоварување на автомобилските компании, однодно, инсталирање на додатоци во возилата што произведуваат прекумерни штетни гасови.
Канцеларката, исто така ја повика Европа да го поддржи развојот на софтверската технологија за електрични возила, во спротивно на тоа поле ќе ја „превтасаат“ Азија и Америка.