Трендот за намалување на невработеноста во Австрија е продолжен и во месец февруари, кога е забележано намалување од 6,6 проценти.
На Бирото за вработување во февруари биле пријавени 444.426 лица кои бараат работа.
Тоа е намалување од 6,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Според националната дефиниција стапката на невработеност паднала за 9 проценти, соопшти Министерството за социјални прашања.
Додека бројот на невработени Австријци опаднал за 9,3 проценти, кај странците намалувањето било далеку помало, односно само 0,4 проценти.