Словенечкиот хокеар, Жига Јеглиќ е фатен во користење на допинг, соопшти Спортскиот арбитражен суд (КАФ).
Примерокот на 29-годишниот хокеар, земена на Олимпијадата во Пјонгчанг, даде позитивен резултат за забранетиот препарат за фенотерол.
Јеглиќ е отстранет од хокеарскиот турнир во Пјонгчанг и мора да замине од Олимпиското село во рок од 24 часа.
Конечната одлука за случајот ќе биде донесена по завршувањето на Олимпијадата. Словенија го освои второто место во групата Б на машкиот хокеарски турнир.
Словенците утре играат бараж со Норвешка, а победникот ќе се состане во четвртфиналето со олимписките спортисти од Русија.