Посетете го екстралуксузниот хотел „QT Sydney“ во Сиднеј кој пријатно ќе ве смести во своите 200 соби и апартмани.
За дизајнот на хотелот беше искористена архитектонската студија на „Woodhead“ во соработка со „Indyk Architects“ и „Nicholas Graham + Associates“.
Во склоп на хотелот се наоѓа и поранешниот трговски центар Говингс и дел од поранешниот Државен театар.
Секоја од просториите во хотелот е дизајнирана на оригинален начин и во себе носи доза на барок стил, дизајнерски парчиња мебел и реставрирани историски детали со голема вредност. Луксузот е неизбежен, во просториите постојат детали како вазни, лустери, слики и останати предмети кои го красат просторот и имаат голема вредност.
На гостите во хотелот на располагање им стојат услугите на ресторанот „Gowings Bar and Grill“, кафе барот и слаткарница „Parlour Lane Roasters“, СПА центарот „SpaQ“, првата турска бања во Сиднеј, како и козметички и фризерки салон.
За да го почувствувате ваквиот луксуз потребно е да го посетите хотелот, а една вечер во овој хотел ќе ве чини 410 долари.