Според податоците на Годишниот статистички билтен објавен од страна на Македонската берза прометот остварен за 2017 година изнесува 4.738.444.919 денари или 56,73 отсто повеќе во однос на 2016 година кога изнесувал 3.023.394.172 денари.
Најголемиот дел припаѓа на класичното тргување 2.907.809.921 денари, потоа блок трансакциите 1.817.744.356 денари и јавните берзански аукции 12.890.642 денари.
Според податоците бројот на трансакциите изнесувал 16.045 што е за 25.7 отсто повисок од 2016 каде се рализирале 12.765 трансакции.
Пазарната капитализација во 2017 година изнесуваше 136.338.756.416 денари и е повисока за 17,83 проценти во однос на 2016 година кога изнесувала 115.710.274.852 денари.
Најтргувани акции на официјалниот пазар лани биле на Комерцијална банка, Алкалоид АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Гранит Скопје, Македонијатурист Скопје, Охридска банка, ТТК Банка Скопје и УНИ Банка Скопје.