Австриската банка „Volksbank“ официјално го започна процесот за продажба на својот меѓународен лизинг бизнис.
Оваа активност на банката, која од април 2012 година делумно е во државна сопственост, мора најкасно до крајот на 2014 година да биде продадена, пренесува агенцијата АПА, додавајќи дека тоа е еден од условите на ЕУ за добивање државна помош.
„Volksbank Leasing Internaional“ е во сопственост на „OeVAG“ и германската „DZ bank“ банка, конкретно нивната фирма-сестра „VR Leasing“.
Обемот на финансирање кај 130.000 лизинг-договори изнесуваше околу 1,8 милијарди евра.
„OeVAG“ истакнува дека поседува многу силна мрежа во Чешка, Словенија, Хрватска, Полска, Босна и Херцеговина, Словачка, Романија и Србија, а единствено компанијата во Австралија која се занимава со лизинг не е на продажба.