Јапонската влада ќе инвестира до 2.000 милијарди јени (17,93 милијарди долари) за поддршка на образованието и подобрување на грижата за постарите, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на локалните медиуми.
Со средствата ќе се обезбедат во широк социјален пакет за финансирање на различни програми. Дел од средствата – 800 милијарди јени, ќе бидат насочени за бесплатно одгледување на деца на возраст меѓу 3 и 5 години и поддршка за семејствата со ниски примања и деца до 2 години.
Ранливите домаќинства, исто така, ќе бидат поддржани во однос на образованието за деца. Во фискалната 2020-та година Владата ќе предложи 800 милијарди јени за бесплатна обука на студентите.
Со 100 милијарди јени ќе бидат зголемени платите на вработените во домовите за возрасни и дневните центри.
Очекувањата се дека социјалниот пакет ќе биде официјално претставен од Владата во почетокот на декември. Тој ќе биде финансиран со приходите од зголемените даноци од октомври 2019-та година, како и од зголеменото социјално осигурување на вработените.