Деловната доверба во германската економија се искачи на ново рекордно ниво бидејќи оптимизмот во врска со иднината на бизнисот во Германија ја неутрализираше донекаде песимистичката проценка на моменталната економска ситуација
Индексот на бизнис-климата, пресметан од германскиот економски институт „Ифо“, во ноември се зголеми на нов рекордно ниво од 117,5 поени од 116,8 поени во октомври, се наведува во соопштението од „Ифо“.
Германската економија е на одличен пат, а најновите податоци укажуваат на економски раст во четвртиот квартал од 0,7 отсто, што ќе го зголеми бруто-домашниот производ за 2,3 отсто во 2017 година.
Индексот на институт „Ифо“ се пресметува врз основа на анкета која вклучува 7.000 компании од областа на производство, градежништво, трговија на големо и мало.