Бројот на невработени лица во Русија во октомври достигнал 3,86 милиони или 5,1 проценти од вкупното работно активно население.
За споредба, во септември 2017 година бројот на невработени изнесувал 3,82 милиони или 5 проценти од работно активното население, пренесува руската агенција Тас.
Бројот на работно активно население во октомври изнесувал 76,6 милиони или 52 проценти од вкупната популација, соопшти руската служба за статистка Ростат.