Времето денеска облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и максимална температура до 12 степени
Под влијание на циклонска активност до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни и се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најобилни врнежи ќе има во јужните и западните делови каде локално може да надминат 70 л/м2. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота ќе има локален слаб дожд, а од недела и опаѓање на температурата.