Стапката на невработеност во Шпанија е намалена во третиот квартал, поради отворањето на голем број на сезонски работни места во текот на туристичката сезона.
Стапката на невработеност во периодот јули-септември опадна на 16,4 проценти од 17,2 проценти забележани во претходниот квартал, соопшти шпанскиот Национален институт за статистика, а пренесува агенцијата Франс прес.
Бројот на невработени е намален на 3,7 милиони на крајот на септември од 3,9 милиони од крајот на јуни.
Во третиот квартал е обично самиот врв на туристичката сезона, па така во секторот за услуги се отворени 236.400 нови работни места.
Иако стапката на невработеност во Шпанија значително е намалена во однос на нивото од дури 26,9 проценти забележано во првиот квартал од 2013 година, таа и понатаму е највисока во еврозоната веднаш по Грција.