Клучниот збор на модерното работно место стана ефикасноста. За тоа да го задоволат, вработените често го занемаруваат квалитетот, па често прават и безбедносни пропусти.
Истражувањата покажаа дека секој четврти работник редовно ги прескокнува важните чекори со цел што побрзо да ја обави задачата. На тоа се поподлежни мажите отколку жените, и младите отколку постарите.
Луѓето кои избираат најбрз и наједноставен начин без одлед на последиците „ги красат“ следните особини: неискреност, импулсивност, манипулативност, нарцизам, недостаток на емпатија.
Исто така, оваа појава е присутна и на местата каде има помалку работна сила, а многу барања.
Овој феномен доведува до зголемена продуктивност, но ризиците се бројни – од повреда на работа, преку непочитување на безбедносните процедури, па се до слаб квалитет.
Вината не е на вработените, туку на претпоставените кои нагласуваат дека денес најважно е да си продуктивен.