Колекцијата “Аqua” се состои од интересни, модерни и функционални решенија за дизајнот на бањи…
Компанијата со седиште во Истанбул, чие име е „Аrmadi Art“, е позната по своите претерано луксузни и скапи ѕидни елементи за во бања (пр. мијалник од кристали по цена од 50 илјади долари).
Најновата колекција на овој производител под име “Аqua” (вода), достапна е во широк спектар на материјали од најдобро стакло, дрво и кожа и може да се изработи во различни величини.
Клиентите исто така можат да одберат облик, боја како и фотографии-налепници кои сакаат да ги имаат во нивната бања.
Фотографиите се разновидни и интересни (паднати лисја, трева, бамбуси) кои на овие елементи им даваат природна нота.
Беспрекорната едноставност на тоновите во комбинација со фино прилагодени и елегантни линии, како и детаљи во вид на фотографии, создаваат посебна атмосфера на чистота и хармонија на колекцијата “Аqua”. Цените на пазарот варираат помеѓу 3.000 и 10.000 долари, но нарачаните парчиња се многу поскапи.