Добитничка на годинашната традиционална награда „Македонска книжевна авангарда“ е поетесата Бистра Илин Шеќеровски за стихозбирката „Градините на внатрешниот сон“, во издание на НИУ МИИЦ од Панчево (Србија).
Наградената книга се одликува со оригинален, специфичен и исцизелиран поетски ракопис, а Бистра Илин Шеќеровски пишува и објавува и на српски и на македонски јазик и се занимава со музика и сликарство.
Наградата ја доделува Фондацијатата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.
Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски и Ана Бунтеска.