Стариот швајцарски замок денес е еден од најлуксузните хотели во светот, неговото име е „Dolder Grand Hotel“, тој се наоѓа во Цирих, Швајцарија.
Хотелот се наоѓа на половина час од аеродромот во Цирих.
Во минатото замокот бил изграден според стилот и делата на Сер Норман Фостер, во 1898 година, а во 2010 година е реставриран во прекрасен хотел кој сите би сакале да го посетат.
Хотелот поседува 180 луксузно уредени соби и апартмани. А најинтересните се оние чиј ентериер е инспирација од познатите личности кои претходно престојувале во овој замок.
Еден ваков апартман е наречен „Carezza“ и тој е инспирација од швајцарскиот уметник Алберто Џакомети.
Покрај сите поволности, во хотелот ќе можете да уживате и во прекрасниот спа-центар, кој е најголемиот и најдобриот спа центар во светот, со повеќе од 140 медицински, спортски, релаксирачки масажи.
За да уживате во овој хотел, за едно ноќевање ќе ви бидат потребни околу 700 американски долари.