Амбасадорот на Словачка во Скопје, Мартин Безак, утре ќе предаде два гранта од по 10.000 евра на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и на Црвениот крст на Град Скопје.
Првиот грант е наменет за купување опрема во просториите на Институтот, кои беа погодени од катастрофалниот пожар во април, како мебел, компјутерска техника и климатизација.
Со вториот грант ќе се обезбеди комплетна здравствена и социјална грижа за 180 лица во трета доба во Дневните центри во Скопје-Центар, Чаир и Сарај во период од шест месеци.