Премиерлигашот Лестер експресно најде замена за Дени Дринквотер кој кариерата ќе ја продолжи во Челзи.
Нов член на Лестер е капитенот на Спортинг од Лисабон, Адријан Силва. Лестер за услугите на Силва ќе плати 25 милиони евра.
Адријан Силва има 28 години, а за Спортинг одигра 237 натпревари, на кои постигна 39 голови. Член е на португалската репрезентација која во 2016 година ја освои европската титула.