Податоците за туризмот, витален извор на пари во длабоко задолжената Грција, сугерираат дека земјата од Југоисточна Европа печали пари од топлите летни денови.
Приходите од туризмот во јуни изнесуваа 2 милијарди евра или 14,2 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година, според податоците на централната банка.
Грција предвидува втора последователна рекордна година во туризмот во 2017-та година, очекувајќи 30 милиони туристи, што е повеќе од претходниот рекорд од 27,5 милиони туристи во 2016-та година.
Државата, која сега е во третата програма за спасување од 2010-та година, очајно му треба парична инјекција, при што туризмот обезбедува околу една петтина од БДП-то.