Компанијата „Opel“ започна со продажба на спортската верзија на „Corsa“ во Европа. Таа добила додаток „S“ кон името си, а е опремена со мотор кој развива моќност од 150 КС.
Од германскиот производител тврдат дека „Opel Corsa S“ е алтернатива за оние клиенти кои верзијата „OPC“ со 207 КС им се чини премногу моќна, но во исто време стандардниот модел им е премногу слаб.
Под хаубата на компактниот хечбек е поставен 1,4 литарски бензински турбомотор, кој развива 150 КС. Вртежниот момент се пренесува на предните тркала со 6-брзински мануелен менувач, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 8,9 секунди. Максималната брзина на „Corsa S“ е 207 км/ч.
Од стандардниот модел спортската верзија се разликува по агресивната аеродинамика и по 17-инчните бандажи. Хечбекот добил обоени во црно странични ретровизори, како и спортски издувен систем.
Во внатрешноста на возилото се вклучени спортски волан и седишта „Recaro“, алуминиумски педали и црвени акценти. Има и информациско-забавен систем „Radio R 4.0 IntelliLink“, поврзување со „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.
Цените на оваа верзија во Европа стартуваат од 18.400 евра, за споредба „Opel Corsa OPC“ чини минимум 25.000 евра.