Светот на Хогвартс ќе се зголеми со уште две нови Хари Потер книги кои ќе бидат објавени во соработка со Британската библиотека во рамки на 20 годишнината од првото издание на книгите.
Продажба ќе започне од октомври годинава со промоцијата на книжевната изложба насловена „Историја на магијата“ што ќе трае до февруари идната година.
Во книгите ќе има досега необјавени приказни и ракописи од авторката Џ.К. Роулинг и илустрации од Џим Кеј.
На 26-ти јуни беа одбележени точно 20 години од издавањето на „Хари Потер енд д философерс стоун“, првата од седумте книги на серијалот, која била продадена во 450 милиони копии на 29 јазици и поттикна филмска франшиза вредна седум милијарди долари.