Првиот и третиот носител на Ролан Гарос, Енди Мареј и Стан Вавринка изборија пласман и меѓусебен дуел во полуфиналето на вториот гренд слем во сезоната.
Швајцарецот Вавринка лесно се справи со Марин Чилиќ и славеше во три сета. Првите два сета Вавринка ги доби со 6:3, а во третиот беше уште пубедлив 6:1.
Мари играше против Кеи Нишикори, го загуби првиот сет 2:6, потоа возврати со 6:1, во третиот се играше тајбрејк кој Мареј го доби без загубен поен, а потоа ја ззаврши работата во четвртиот сет со 6:1.
Полуфиналето на Ролан Гарос ќе биде 18-от меѓусебен дуел на Мареј и Вавринка, а Британецот води со 10:7.