„Дојче банка“ минатата недела го објави годишниот извештај „Mapping the world’s prices“, каталог со трошоците за стоки и услуги во најголемите и најмоќните градови во светот.
При тоа како пример се земени сите трошоци – од кутија цигари до просечните трошоци за изнајмување на двособен стан.
Покрај тоа, банката анализираше колку се просечните плати (од одбивањето на данокот), што е значаен индикатор за благосостојбата.
Најдобро котираат градовите на северната Земјина хемисфера, односно развиените западни економии, но и градови во Австралија и Нов зеланд може да се пофалат со добар пласман.
Не е изненадувачки фактот дека платите се поголеми во градовите со високи трошоци за живот, како што се водечките финансиски центри Лондон, Њујорк и Франкфурт.
24. Eдинбург, Велика Британија – просечна месчна нето плата: 2.293 долари
23. Oтава, Канда – 2.446 долари
22. Aмстердам, Холандија – 2.493 долари
21. Toронто, Канада – 2.560 долари
20. Париз, Франција – 2.583 долари
19. Даблин, Ирска – 2.603 долари
18. Хелсинки, Финска – 2.620 долари
17. Стокхолм, Шведска – 2.622 долари
16. Франкфурт, Германија – 2.626 долари
15. Хонг Конг – 2.715 долари
14. Oукланд, Нов Зеланд – 2.762 долари
13. Лондон, Велика Британија – 2.776 долари
12. Tокио, Jапонија – 2.897 долари
11. Велигтон, Нов Зеланд – 2.941 долари
10. Копенхаген, Данска – 2.958 долари
9. Сингапур – 3.077 долари
8. Oсло, Норвешка – 3.154 долари
7. Mелбурн, Aвстралија – 3.344 долари
6. Сиднеј, Aвстралија – 3.451 долари
5. Чикаго, САД – 3.622 долари
4. Њујорк, САД – 4.304 долари
3. Бостон, САД – 4.322 долари
2. Сан Франциско, САД – 4.817 долари
1. Цирих, Швајцарија – 5.876 долари.