Махмуд Дахуд (21) по завршувањето на сезоната од дресот на Борусија од Менхенгладбах ќе го замени со оној на тимот од Дортмунд.
Младиот репрезентативец на Германија, кој е роден во Сирија, ќе се пресели во Дортмунд за сума од 10 милиони евра.
„Одлуката е донесена. Дахуд ќе не напушти, неговиот избор е Дортмунд“, рекол спортскиот директор на Менхенгалдбах, Макс Еберл.
Дахуд игра во редот за врска, за Менхенгладбах има одиграно 76 натпревари, на кои постигнал седум голови.