ГД Гранит АД за периодот Јануари – Декември 2016 година оствари позитивни финансиски резулати и оствари добивка од 234 милиони денари.
Сметководствени политики и методи на вреднување
Во 2016 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финасиските извештаи на ГД Гранит АД.
Вкупни приходи
Остварените вкупни приходи во 2016 година изнесуваат 4.879.400 илјади денари и во споредба со остврените во 2015 бележат раст од 15 %.
Вкупни расходи
Остварените вкупни расходи во 2016 година се во износ од 4.640.861 илјади ден и во споредба со 2015 година бележат раст од 16 % .
Дивиденда
На 14.06.2016 година на Годишното собрание на акционери одобрена е пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2015 година во износ од 61.554 илјади денари , односно 22,22 денари бруто за една акција.
Инвестиции
Вкупните инвестиции во основни средства во 2016 година изнесуваат 362.678 илјади денари и тоа
- нематеријални вложувања 474 илјади ден
- материјaлни вложувања 354.204 илјади ден
Деловната активност на ГД Гранит АД е целосно насочена кон остварување на динамичките планови според договорените работи и целосна активност кон добивање на нови проекти во земјата и странство.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.