Заменикот на германското министерство за финансии Јенс Шпан ја отфрли вчера можноста да се одобри отпишување на дел од долгот на Грција.
Германија бара Владата на Грција да спроведе обемни мерки за штедење, вклучувајќи го и намалувањето на јавните трошоци, зголемување на данокот, подобра наплата на данокот и големи промени во државниот пензиски систем.
„Таканаречениот отпис на долгот не е законски“, изјави Шпан и додаде дека во рамките на финанскисата помош може да се извршат промени на рокот за плаќање на камати и дека за тоа може да се разговара.
Тој изјави дека целата Влада на Германија смета дека Грција добила поволен договор и дека постои уверување дека Грција мора да се промени доколку сака да остане во еврозоната.