Британската меѓугодишна инфлација се искачи на највисокото ниво во две ипол години во јануари, поттикната од растот на цените на горивата и храната.
Стапката на инфлација, мерена со индексот на потрошувачките цени во јануари на годишно ниво достигна 1,8 проценти во споредба со 1,6 проценти од декември, соопшти националната Канцеларија за статистика ONS, пренесува британскиот јавен сервис BBC.
Аналитичарите во анкетата на Блумберг предвидуваа скок од 1,9 проценти.
Сепак, јануарскиот показател на инфлација е најголем од јуни 2014 година.
„Главен придонес за порастот на стапката на инфлација дадоа цените на моторните горива, а во помала мера цените на храната, наведе „ONS“, додавајќи дека тие инфлаторни притисоци, сепак, ги неутрализирале цените на облеката и обувките, кои во јануари опаднаа повеќе отколку во истиот месец една година претходно“.