Еден од најталентираните светски фудбалери, Александер Исак, официјално стана играч на Борусија Дортмунд.
Борусија во трката за потписот на Исак успеа да го победи 11-кратниот европски првак Реал Мадрид.
Исак има 17 години, а својата прва сениорска сезона ја одигра за АИК од Стокхолм. За овој тим одигра 24 натпревари, постигна десет голови и стана најмладиот стрелец во историјата на шведското првенство.
Исак кого многумина го сметаат за наследник на Златан Ибрахимовиќ, дебитираше и за шведската репрезентација. Во својот втор настап за Шведска тој постигна гол и стана најмладиот стрелец во историјата на шведскиот национален тим.