Првото бебе родено во Скопје во 2017 година е машко.
Во 2017 година, првото бебе е родено рано утринава во 4.15 часот во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир.
Бебето е тешко 3 килограми и 400 грама и долго 53 сантиметри.
Тоа е првородено дете на мајката Нуредини Рамадан Хикмет (1991), соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.
Традиционално, се очекува првото бебе и мајката да ги посети градоначалникот на Град
Скопје, Коце Трајановски, кој посетата ја најави за денеска на пладне.