30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДочек на 2017-та на Сквер Јадран со Јура Стублиќ и Филм

Дочек на 2017-та на Сквер Јадран со Јура Стублиќ и Филм

centar-nova-godina22

Општина Центар и годинава ја организира манифестацијата „Град во Градот 4“. На познатата локација, Сквер Јадран, центарци, скопјани, но и граѓани од цела Македонија, новата 2017-та година ќе ја дочекаат со македонските хип хоп пионери, С.А.Ф., со Јура Стублиќ и Филм и со Забрането Пушење.

Журката започнува после 22:00 часот, добредојдени се сите позитивни луѓе кои сакаат добра забава.

„Филм“ е југословенска и хрватска рок група, основана во 1978 година, чиј фронтмен е Јура Стублиќ.

Оригиналната постава на “Филм“ се распадна во 1986-та, а набргу потоа, повторно се составуваат како “Јура Стублиќ & Филм“.

Публиката на Сквер Јадран ќе има можност во живо да ужива во нивните мегахитови, по цели пет години од последниот настап на скопското Калe.

Присутните ќе се потсетат и ќе заиграат во ритмот на музиката на култната рок група „Забрането пушење“ и на легендарната „Зеница Блуз”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП