Вејл е прекрасен град, кој е создаден како дел од луксузното одморалиште за скијачите во планините на Колорадо…
Ова е идеално место доколку барате локација за својот нов дом, под услов да имате неколку милиони долари заштеда. Еден од луксузните домови во овој уште полуксузен дел на планетата сега е на продажба. Тој е вистинска кула од стакло, која ви нуди одлични погодности, како и перфектен поглед на околината која го одзема здивот.
Вилата се наоѓа во срцето на имотот од 0,28 хектари, а сама по себе нуди околу 600 метри квадратни богато декориран животен простор. Изградена е во 1988 година, а нуди пет добро опремени спални соби и еднаков број на бањи.
Благодарени на масивните стаклени ѕидови, станарите на оваа вила и нивните гости можат да уживаат во фантастичниот поглед на околните планини и тоа од речиси секој дел од ентериерот. Ова е многу важен естетски елемент за оваа вила кој посебно мора да биде нагласен.
Цената на оваа луксузна, совршено позиционирана вила е 14 милиони долари.