Изложба на детски цртежи на тема: „Штедење и хуманост“ ќе биде отворена во петок во 13 часот во галерискиот простор на НЛБ Банка.
Со отворањето на изложбата завршува НЛБ Месецот на штедење во НЛБ Банка. За време на Месецот на штедење, кој започна со манифестацијата НЛБ Ден на 26 септември ова година, во Банката беа собирани повеќе од 1.700 детски цртежи.
Изложбата ќе ја отворат Антонио Аргир – Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка, заедно со македонските реномирани уметници Сергеј Андреевски, Христијан Санев и Константин Качев, кои ќе ги прогласат најдобрите цртежи и ќе им доделат награди на победниците.