3 јули, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШокантни цени во Грција: Две лежалки и чадор 60 евра

Шокантни цени во Грција: Две лежалки и чадор 60 евра

Летната сезона е во полн ек, а според традицијата, голем број македонски граѓани ја избираат Грција како дестинација за совршен одмор.

Сепак, внимавајте доколку сакате да го поминете одморот во Ситонија, бидејќи на некои места може да ве чини цело богатство.

Десетици прекрасни плажи со уредени брегови можат да бидат мамка и да го испразнат и најдлабокиот џеб, бидејќи ќе платите голема сума пари само за изнајмување лежалка.

„Ги посетивме плажите на кои има сини знамиња и навистина се убави, но она што не изненади е што на плажата “Koxi beach” за изнајмување две лежалки и еден чадор е 60 евра, а ако одите со семејството е дури двојно поскапо. Она што уште повеќе не изнервира е што сред сезона не нудат апсолутно ништо освен лежалки. Го реновираат кафулето, а немаат ни тоалет, па се запрашавме дали вреди да се плаќа толку пари само за лежалки, малку сонце и морска вода“, вели Анета Стојановска од Скопје.

Таа додаде дека, ако знаеш да истражуваш, со исто задоволство можеш да потрошиш многу помалку, бидејќи Ситонија покрај организираните плажи е полна и со диви, но убави.

„Отидовме на плажата Лагомандра, каде е трипати поевтино, цената на лежалките е 20 евра, со тоа што ако одите во група може и да се ценкате. Кафињата почнуваат од 4 евра, па се до 6 евра, додека соковите се околу 3 евра, а ценовникот за храна се движи од 3 евра за крофна до 17 евра за семејна пица, што мислам дека е многу попристојно во споредба со плажата Koxi, иако се наоѓа во непосредна близина на луксузното одморалиште Порто Карас“, истакнува Стојановска.

Според неа, она што дефинитивно треба да го посетите е плажата Тигања која се одликува не само по гостопримството, туку и по услугата.

„Не само што потсетува на дива плажа, туку самиот пристап е многу различен, треба да поминете еден дел пешки, а кога ќе стигнете ве чека вистински мир, бидејќи оваа плажа се уште е непозната за туристите, не се наплаќаат лежалки или чадори, туку само она што го консумирате за време на престојот“, заклучи нашата туристка која одморот го поминува во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП