Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 171 989 579 илјади денари и бележи пораст од 6.2% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 242 511 286 илјади денари што е за 5.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 70 521 707 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2016, изнесува 70.9%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-август 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.
Обем на размената, I-VIII 2016 Покриеност на увозот со извоз
414 500 864 илјади денари 70.9 %
6 723 877 илјади евра 70.9 %
7 505 321 илјади САД долари 70.9 %
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- август 2016 година, изнесува 2 789 996 илјади евра и бележи пораст од 6.1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 933 882 илјади евра што е за 5.6% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 1 143 886 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 3 112 569 илјади САД долари и бележи пораст од 6.4% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4 392 752 илјади САД долари што е за 6.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-август 2016 година, изнесува 1 280 183 илјади САД долари.