Македонскиот поет Никола Маџиров од страна на претседателот Ѓорге Иванов е прогласен за национален уметник.
Признанието се доделува согласно Законот за Национален уметник на Република Македонија. Досегашни добитници на титулата Национален уметник на Република Македонија се музичкиот уметник и пијанист, Симон Трпчевски, сценаристот и режисер, проф. Милчо Манчевски, естрадниот уметник Есма Реџепова –Теодосиевска, оперскиот пејач Борис Трајанов и оперската певица Ана Дурловски.