„Kia“ ја откри предпремиерно целосно новата, четврта генерација на хечбекот „Rio“. Моделот ќе биде претставен пред публика на 29-ти септември во Париз, а продажбата ќе стартува на крајот на годината.
Од официјалните фотографии станува јасно дека моделот е исполнет според новиот дизајн на корејската марка. Тој е изработен од дизајнерските центри на марката во Германија и Калифорнија, во тесна соработка со главната база за проектирање и дизајн на „Kia“ во Намјанг, Кореја.
Предниот дел на моделот се карактеризира со последната верзија на препознатлив решетка „тигар нос“. Предните „LED“ светла се со „U“-форма, а светлата за магла се наоѓаат повисоко во предниот браник за подобра осветленост на патот и импозантна визија, станува јасно од информациите. Позади пак гледаме речиси чиста форма, вертикална позиција на задното стакло, пократка настрешница и „LED“ стоп светла.
Промените во профилот на четвртата генерација „Rio“ вклучуваат продолжена хауба, 10 мм подолго меѓуоскино растојание (до 2.580 мм), исправена „С“-колона и засечениот заден препуст. Новиот автомобил е за 15 мм подолг (4.065 мм) и 5 мм понизок (1.450 мм) од својот претходник.
Во склад со надворешноста, Ентериерот на моделот демонстрира прави линии кои ја препокриваат формата на таблата што е ориентирана кон возачот. Информативниот систем за забава „HMI“ (human-machine interface) е со екран кој е со високо резолуција и е осетлив на допир, а преку него се управува со аудио и навигациониот систем, како и функциите за поврзување.
Информациите за опремата е ограничена, но од „Kia“ велат дека новиот „Rio“ ќе понуди водечка во сегментот практичност, високотехнолошки системи за безбедност, последната технологија за поврзување и напредно управување.
Сите детали за моделот ќе станат познати кон крајот на месец септември.