Словенија ќе додели помош од 30.000 евра за граѓаните кои ги подоги големото невреме во скопско и на барање на Македонија испрати стручњак за координација во отстранувањето на последиците од несреќата, во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија.
„Владата на Република Словенија донесе дополнителна одлука, да намени хуманитарна помош за погоденото население во висина од 30.000 евра. Со паричната помош, која ќе биде испратена преку Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC), Република Словенија сака да придонесе кон отстранување на последиците од невремето и кон препречување односно намалување на ризиците за несреќи во иднина“, се вели во соопштението на Амбасадата на Република Словенија во Македонија.